MyMentor

Марјановиќ Едукација

МАРЈАНОВИЌ ЕДУКАЦИЈА е новоформирана компанија, основана и водена од Александар Марјановиќ, основачот на Alexandria (www.alexandria.com.mk), најстарата приватна образовна установа во Македонија за ИТ едукација, основана 1993. МАРЈАНОВИЌ ЕДУКАЦИЈА ги започнува своите активности со трансформација на традиционалниот наставен процес со примена на сопствена методологија - менторирано учење на далечина а резултатот е MyMentor, првата едиција курсеви за компјутери на македонски јазик. Основна дејност на МАРЈАНОВИЌ ЕДУКАЦИЈА е дизајнирање и развивање решенија за учење на далечина. Тоа подразбира неколку клучни активности:

1. Развивање и продуцирање е-курсеви Оваа активност опфаќа подготовка и снимање видео туторијали, подготовка на квизови, домашни задачи и проекти, и останати материјали во електронска форма за потребите на курсевите.

2. Администрација на LMS Оваа активност подразбира поставување на курсевите на интернет на LMS платформата, администрирање корисници, правење резервни копии на курсеви, грижа за безбедноста.

3. Менторирање Ова подразбира регрутирање и развивање ментори, управување со процесот на менторирање и грижа за задоволството на учениците.

 

Види како
Подреди по
Приказ по страна

Овозможено од:

Preset Color