Политика за приватност

 

Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува и правото на приватност и заштитата на личните податоци кои се обработуваат при користење на е-курсевите. Политиката за заштита на лични податоци се однесува за веб страницата http:// KupiKurs.mk. Оваа политика се однесува и се применува на сите наши домени и поддомени и се појавува на дното од страницата. Политиката за заштита на лични податоци може да се менува, притоа секоја измена ќе биде објавена. Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува само за конкретната веб страница. Доколку се поврзувате со други веб страници, потребно е да ги разгледате и прочитате Политиките за заштита на личните податоци објавени на истите.

 

Прибирање на информации

Личните податоци, доброволно поднесени од нашите посетители: име, презиме, адреса, контакт телефонски број и електронска адреса, се обработуваат со цел да се реализира нарачката. Овие информации ќе се користат единствено за цел исполнување на нарачките. По престанување на целта заради која што се собрани, личните податоците се бришат.

 

Заштита на Вашата сметка

Вашата лозинка е клучот од вашата сметка. Вашето корисничко име и лозинка треба да се разликуваат и да Ви бидат познати единствено Вам. Доколку Вашето корисничко име е идентично со Вашата лозинка, возможно е лесно користење на Вашиот идентитет за најава во системот. Користете броеви, букви и специјални знаци и не ја откривајте Вашата KupiKurs.mk лозинка никому. Доколку Вашата лозинка не е доволно заштитена од било која причина, веднаш известете нè и направете промена на лозинката.

 

Cookies/технологија за следење

Оваа веб страница може да употребува колачиња (cookies) и технологија на следење во зависност од понудените форми. Cookies и технологијата на следење се корисни за прибирање на информации како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на број на посетители на веб страницата и употреба на веб страницата од страна на посетителите. Cookies исто така придонесуваат кон подобрување на веб страницата и нејзино прилагодување кон потребите на посетителите.

 

Давање на лични податоци за користење

Вашите лични податоци можат да бидат дадени на користење на државни органи или други институции, само под услови утврдени со закон.  

 

Обврска за тајност и заштита на личните податоци

Вашите лични податоци се безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Единствено, авторизирани лица имаат пристап кон овие информации. Заради спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се преземат сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

 

Употреба на веб страницата од страна на малолетни лица

Им препорачуваме на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели.

 

Информации за политиката за заштита на личните податоци

Доколку сакате да поставите прашање или да испратите коментар во врска со правото на приватност и заштита на личните податоци, истото можете да го сторите, користејќи ги следните информации: Е-пошта [email protected]

На Ваше барање, во рок од 15 дена ќе бидете информирани кои од Вашите лични податоци, доколку ги има, се обработуваат на страницата http://kupikurs.mk. 

Овозможено од:

Preset Color