Општи договорени услови за користење на КупиКурс.мк

 

Овие општи договорни услови за користење на KupiKurs.mk претставуваат договор во електронска форма помеѓу иВоте и Македонски Телеком (МКТ), од една страна како партнери и Вас, од друга страна како краен корисник. Во овие општи услови се содржани сите неопходни одредби за регулирање на взаемните права и обврски за цели на успешна реализација на е-курсот.

Пред прифаќање на овие договорни услови, Ве молиме внимателно да ги прочитате и разберете истите, бидејќи со прифаќање на подолу утврдените услови, Вие изрично се согласувате дека истите ќе важат и ќе бидат применливи при користење на KupiKurs.mk

KupiKurs.mk претставува онлајн агрегатор на повеќето Даватели на содржини за курсеви. KupiKurs.mk е е-продавницата каде ќе можете да купувате е-курсеви чија содржина се испорачува електронски, а обуката се изведува на далечина преку Epistum Cloud. Македонски Телеком и иВоте се сопственици на KupiKurs.mk.

 

1. Содржина

 

1.1  Одговорноста за содржината  и бришење на содржини

Давателот на содржини како креатор на е-курсот е во целост одговорен за содржината на објавениот е-курс, вклучувајќи го и конечниот резултат кој ќе го даде истоимениот е-курс. Оттука, МКТ и иВоте не одговараат за објавената содржина, односно истите се во целост исклучени од одговорност.

Меѓутоа, доколку МКТ и/или иВоте утврдат дека објавената содржина е непристојна, во тој случај го задржуваат правото да ја отстранат истата во секое време.

 

2.   Прекин на услугата на КупиКурс.мк

 

Доколку прекинот на услугата трае подолго од 5 (пет) часа, иВоте е должен да Ве извести по електронски пат.

Притоа, иВоте го задржува правото да може во било кое време и без претходна најава да го прекине или одложи, целосно или делумно, Вашиот кориснички профил или пристап до KupiKurs.mk. Причините за ова може да бидат:

1)      По барање или наредба за спроведување од страна на судски орган;

2)      Неочекувани технички или безбедносни прашања и проблеми; 

Секое такво прекинување се врши од страна на иВоте (како негово дискреционо право), притоа MKT и иВоте нема да сносат никаква одговорност спрема Вас или било која трета страна за било каква штета која може да резултира или да произлезе од прекинување на Вашиот кориснички профил и/или пристап до KupiKurs.mk.

 

3.   Корисничка поддршка

 

Во случај на појава на евентуални пречки при користење на KupiKurs.mk, Вие како краен корисник за цели на отстранување на истите, ќе добиете бесплатна поддршка преку:

Контакт центар тел: 070120  и/или

E-mail: [email protected]

 

4.  Ограничувања и одговорност

 

иВоте и/или МКТ не гарантира дека употребата на KupiKurs.mk ќе биде непрекината или без грешки.

иВоте и/или МКТ не е одговорен за било какви загуби кои произлегуваат од користење на KupiKurs.mk.

KupiKurs.mk ги презема сите расположиви мерки да овозможи највисока сигурност и безбедност на веб страницата. Меѓутоа, не можеме да гарантираме дека е невозможен пристап на хакери, компјутерски вируси и слично со што и Вие би биле засегнати. Вие се согласувате да ја употребувате нашата веб страница на сопствен ризик.

(иВоте и/или МКТ) не одгoвaраат за поседувањето на авторските права за курсевите што се продаваат преку системот. KupiKurs.mk е посредник во продажбата на е-курсеви. Сопствениците на курсевите (или Давателите на содржините) се согласуваат со овие општи услови и потврдуваат дека ги имаат соодветните авторски права.

 

5.  Електронска комуникација

 

Со Вашата посета на KupiKurs.mk или со испраќање на е-порака, воспоставувате електронска комуникација со нас. Од наша страна може да добиете повратен одговор преку е-пораки и/или известувањата ќе бидат прикажани на веб страницата

 

6.  Вашето корисничко име и лозинка

 

Со најавување на нашиот систем, KupiKurs.mk, Вие сте одговорни за заштитата на приватноста на Вашето корисничко име и лозинка, како и за ограничување на влез во Вашиот компјутер. Притоа Вие ја преземате одговорноста за сите активности кои ќе се одвиваат со Вашето корисничко име. Продажбата на е-курсеви на малолетни лица под 18 годишна возраст не е дозволена без надзор од родител односно старател. Доколку имате под 18 години, можете да ги користите услугите на KupiKurs.mk единствено со придружба на родител или старател, кој ќе одговара за плаќањето со неговата/нејзината дебитна или кредитна картичка.

 

7.  Цени

 

Сите цени на сајтот се изразени во денари со пресметано ДДВ.

 

8.  Електронска фактура

 

Со секоја успешно извршена нарачка и уплата од системот на KupiKurs.mk по електронска пошта ќе добиете електронска фактура која има третман на валидна оригинална фактура.

 

9.  Права на интелектуална сопственост

 

иВоте ви гарантира дека на законски начин ги стекнал сите права за интелектуална сопственост на Epistum Cloud и дека е сопственик на сите права на интелектуална сопственост на Epistum Cloud.

Со прифаќање на општите договорни услови врз Вас не преминува било какво право на интелектуална сопственост, туку Вие се стекнувате само со неисклучиво, непреносливо и ограничено право на користење на Epistum Cloud.

Во случај трети лица да тврдат дека се сопственици на било какви права од интелектуална сопственост на Epistum Cloud односно да се испостави дека некое трето лице од иВоте на незаконски начин ги стекнал сите права на интелектуална сопственост на Epistum LMS Cloud, кој пак на Вас ви оневозможува користење на Epistum Cloud, во тој случај иВоте се обврзува дека ќе ве заштити Вас.

Обврска на иВоте од оваа одредба ќе важи само во случај кога Вие сте го известиле иВоте за потребите на трети лица. Обврска на иВоте од оваа одредба, во секој случај престанува по истекот на 1(една) година од денот, кога Вие сте  биле известени за потребите на тие трети лица.

 

10.  Заштита на лични податоци

 

Ве информираме дека за внесените лични податоци на веб страницата http://KupiKurs.mk, кои се обработуваат од страна на Македонски Телеком за времетраење на овој Договор, ќе бидат преземени сите неопходни технички и организациски мерки за обезбедување соодветна заштита на личните податоци, при што Македонски Телеком се јавува во улога на обработувач на личните податоци во согласност со позитивното законодавство на Република Македонија кое ја регулира оваа област и се обврзува истите да не ги користи за други цели освен за реализација на оваа услуга, како и да оневозможи трети лица да пристапуваат до нив.

Воедно, Македонски Телеком потврдува дека иВоте и Давателот на содржини се обврзани со договор за обработка на лични податоци да ги превземат сите неопходни технички и организациони мерки за обезбедување соодветна заштита на личните податоци како подобработувачи на податоците, во согласност со позитивното законодавство на Република Македонија кое ја регулира оваа област и се задолжени истите да не ги користат за други цели освен за реализација на оваа услуга.

За Вашите права што произлегуваат од прописите за заштита на личните податоци, подетално информирајте се во Политиката за приватност на следниот линк: http://kupikurs.mk/privacy-policy

Овие општи договорни услови ќе се раководат и толкуваат според позитивните законски прописи на Република Македонија. Во случај на спор во врска со било која нивна одредба, надлежен за решавање ќе биде надлежниот суд.

Овие општи договорни услови влегуваат во сила во моментот на кликнување на копчето “се согласувам” од Ваша страна.

 

 

 

Овозможено од:

Preset Color