Помош

Како да се регистрирам?

Регистрацијата на порталот КупиКурс е многу едноставна. Во левиот горен агол од страницата се наоѓа копче Регистрирај се. Со клик на ова копче се отвора нова форма каде се внесуваат сите основни податоци. Потоа на Вашиот е-маил пристигнува потврдна порака за креирање на профилот со корисничко име и лозинка. Со клик на линкот за верификација кој е пратен на Вашиот маил се логирате на порталот. Најавување се прави преку формата за најава во горниот лев агол и клик на копчето Најави се, со внес на Вашата е-маил адреса и лозинка.

Заборавена лозинка

Во случај да сте ја заборавиле лозинката за најава на нашиот систем, кликнете на копчето „Ја заборавивте лозинката? “  кое се наоѓа на страната за најава и внесете ја вашата e-mail адреса. Веднаш потоа ќе Ви биде испратена лозинката на вашата e-mail адреса.

 

Како да најдам конкретна обука?

Имате на ум конкретна обука која сте ја виделе и сакате брзо да ја пронајдете? Тоа најлесно може да го направите преку формата за пребарување која се наоѓа во десниот горен агол од страницата. Со испишување на името или дел од името на насловот што го барате во формата „Пребарувај“, најлесно и најбрзо ќе дојдете до Вашата посакувана обука.

 

Како да купам обука?

Обуките понудени на КупиКурс се достапни за секого. Со клик на обуката, пристапувате во профилот на истата, кадешто се прикажани сите карактеристики кои се специфични за конкретната обука. Доколку сакате да ја нарачате обуката кликате на копчето „внеси во кошничка“. Подетални информации и објаснувања за тоа како да направите нарачка можете да погледате на (линк до страна со детално објаснување и слики).

 

Како да платам?

Кога ќе одберете дека сакате да платите за она што веќе го имате во кошничка, нашиот систем Ви нуди можност да плaтите со Вашата платежна картичка.

Сите платежни трансакции се извршуваат со помош на системот на Стопанска банка, кој е овозможен и подржан од Касис-Cpay, реномирана компанија за картични трансакции.

Доколку имате своја платежна картичка едноставно целата трансакција се одвива електронски, сигурно и брзо и сите податоци се чуваат во склад со највисоките банкарски критериуми за сигурно работење.

Се внесуваат потребните податоци како: името на имателот на картичка, датум на истекување на истата (месец и година), бројот на картичката и троцифрениот код кој се наоѓа на задната страна на Вашата платежна картичка.

 

Што доколку не добијам потврда за успешна трансакција?

Доколку не сте добиле потврда за успешна трансакција:

  • Проверете дали картичката со која го вршите купувањето е важечка платежна картичка
  • Проверете дали имате доволно средства на платежната картичка, со цел купувањето да може да се изврши.
  • Проверете дали сте ги пополниле сите празни полиња при пополнување на податоците за плаќање.

Доколку се наведено сте провериле и понатаму неможете да ја купите посакуваната обука, проблемот е најверојатно од техничка природа од страна на Casys , па затоа Ве замолуваме да не контактирате тука.

 

Кога да пристапам во купената обука?

Кога ќе го извршите процесот на купување на обуката ќе добиете детални информации за нарачката на Вашата емаил адреса. Исто така, во рок од 24 часа треба да Ви пристигне и емаил порака со пристап до купената обука. Пристапот се состои од корисничко име, лозинка и линк за најава.

 

Колку време ќе можам да пристапувам во купената обука?

Вие имате можност да пристапувате и да го прегледате курсот 30 дена од денот на направената нарачка. Бројот на прегледи на курсот не е ограничен. Можете да го прегледувате курсот колку и да сметате дека Ви е потребно во рамките на тие 30 дена.

 

Дали ќе добијам сертификат за купената обука?

Секоја обука си има свои карактеристики. Во профилот на обуката можете детално да ги прегледате сите нејзини спецификации и да видите дали обуката нуди сертификат, аудио и видео поддршка, дополнителни материјали и итн.

 

Кого да контактирам доколку наидам на технички проблеми?

Техничкиот тимот на КупиКурс е достапен за сите Ваши прашања и технички проблеми. За да не контактирате кликнете тука.

 

Дали КупиКурс е одговорен за квалитетот на содржината на курсевите?

Сите курсеви се тестирани во однос на нивната функционалност и соодветност. Но, ние ја немаме целосната одговорност за квалитетот на содржината на курсевите, таа одговорност ја имаат авторите на истите.

 

Како да го избришам корисничкиот профил?

Контактирајте не тука, испратете ни детали за Вашиот кориснички профил, како корисничко име и емаил адреса и профилот ќе биде избришан во рок од 3 работни дена.

Овозможено од:

Preset Color