MS Excel 2010 за деловни корисници (Basic)

Автор: MyMentor
2.359,00 ден со ДДВ

Во курсот Excel 2010 за деловни корисници со помош на практични примери од деловното секојдневие се изучуваат основните можности и алатки во Excel 2010. Курсот започнува со запознавање со клучните Excel вештини и продолжува длабински приказ на функциите на Excel, форматирањето табели. Покриени се сите важни области: подготовка на документи за печатење, работа со големи работни листови, соработка со други корисници, користење на Excel како база на податоци, анализа на податоци, графикони и автоматизација и прилагодување на Excel.


Содржина на курсот

1. Запознавање co Excel 2010
2. Основи на работни листови
3. Основи на формули во Excel
4. Основно форматирање
5. Напредно форматирање
6. Подготовки за печатење
7. Големи проекти во Excel
8. Соработка co други корисници
9. Истражување на опциите на Excel за бази на податоци
10. Анализа на податоци
11. Напредна анализа co пивот табели
12. Креирање и користење графикони
13. Креирање и користење макроа
14. Прилагодување на Excel

Пакет BASIC содржи:
- Пристап до видео туторијали на македонски јазик
- Датотеки за вежбање

 

 НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА 

1. КУРСЕВИ

Кои се клучните составни делови на курсевите?
Сите курсеви на MyMentor составени се од однапред снимени предавања односно инструкциски видеа на македонски јазик, датотеки за вежбање и дополнителни домашни задачи. Освен тоа, на учениците им стои на располагање и личен ментор со кого имаат on-line менторска сесија.

Кои се предусловите за следење ваква обука?
За успешно следење менторска настава на далечина, потребно е да се поседува персонален компјутер со звучници и микрофон и интернет конекција.

Дали можам да ги превземам материјалите за курсот?
Предвидени материјали кои можете да ги превземате и печатите се домашните задачи. За разлика од нив, видео материјалите нема да можете да ги превземете. Нив можете да ги гледате on-line неограничено, се до истекот на траењето на курсот.

 

2. МЕНТОРИРАЊЕ

Што опфаќа менторирањето?
Постојат два пакета на менторски услуги, Standard и Premium. Пакетот Standard опфаќа прегледување на домашните задачи предвидени со избраниот курс и добивање фидбек. Премиум пакетот опфаќа истото што и основниот пакет + еден менторски час за 1-на-1 консултации во траење од 45 минути по курс.

Дали менторската сесија може да се подели на помали сесии?
За секој курс должината и времето на менторската сесија е однапред дефинирана и презентирана при самата набавка на курсот.

Колку менторски сесии се вклучени во цената на курсот?
Една менторска сесија во траење од 45 минути е предвидена само во премиум пакетот.

Кога е најпожелно да ја закажам менторската сесија?
Најдобро е прво да го поминете сами материјалот следејќи ги снимените предавања а дури потоа да закажете менторска сесија. Во интерес на времето, подготвувајте го список со прашања додека го поминувате материјалот а доставете му го на менторот тогаш кога ќе сакате да закажете менторска сесија.

Дали можам да добијам дополнителни менторски часови и како тоа да го сторам?
Само во овие термини е можно да воспоставите аудио-визуелна врска со вашиот ментор.

Каде и кога треба да се сретнам со мојот ментор?
Со вашиот ментор ќе се сретнете on-line во термин дефиниран за соодветниот курс.

Во кои денови и во кој дел од денот се организираат менторските сесии?
Менторските сесии се организираат во термин дефиниран за секој курс.

 

3. ДОМАШНИ ЗАДАЧИ

Дали морам да ги изработам и предадам сите домашни задачи?
Доколку сакате да добиете сертификат за успешно завршен курс, тогаш ќе морате на време да предадете најмалку 80% од вкупниот број домашни задачи.

Како се доставуваат изработените домашни задачи?
Домашните задачи се предаваат за секое поглавје поединечно, со тоа што претходно треба да ги архивирате во една zip или rar датотека која ќе биде со име во форма Домашни задачи – глава Х – вашети име и презиме. zip (или rar) а потоа ги доставувате до вашиот ментор преку платформата.

Дали може да ги испратам домашните по eлектронска пошта?
Не. За да бидат евидентирани како примени, домашните мораат да се испратат исклучиво преку платформата www.KupiKurs.mk.

Во кој рок треба да се предадат домашните задачи?
Домашните се предаваат се до истекот на траењето на курсот. Најдобро е прво самите да си направите тоа да го правите барем еднаш во неделата.

Што ако домашните се неточно изработени?
Ако домашните се изработени на неточен и неприфатлив начин, ќе добиете известување и ќе морате да ги преработите и доставите до истекот на рокот.

 

4. ТЕСТИРАЊЕ НА ЗНАЕЊЕ И ИЗДАВАЊЕ СЕРТИФИКАТ

Како се тестира знаењето?
Стекнатото знаење се проверува систематски во текот на целиот курс со проверка на изработените домашни задачи.

Дали постои финален испит?
Во моментов не е предвиден посебен финален испит.

Дали по завршувањето на курсот се добива некаков документ?
Да, по успешното завршување на курсот се добива сертификат. Под успешно завршување се подразбира навремено доставување на најмалку 80% од предвидените задачи за секое поглавје од избраниот курс. Доставените домашни задачи потребно е да бидат правилно изработени, во спротивно нема да бидат прифатени и ќе мора да се преработат и достават повторно.

Како и кога ќе го добијам сертификатот за завршен курс?
Сертификатот за завршен курс е во електронска форма а ќе го добиете по електронска пошта по успешното завршување на курсот.

Колку чини само сертификатот?
Сертификатот е вклучен во цената на курсот во пакетите Standard и Premium и не се наплаќа дополнително. Или, поинаку кажано, сертификатот не се продава поединечно.

 

 

Не можете да најдете одговор на вашето прашање?
Испратете го Вашето прашање на [email protected] и одговорот ќе го добиете во најкус можен рок.

 

Овозможено од:

Preset Color